Кајли Џенер го продаде својот козметички бренд за 600 милиони долари

Најмладата светска милијардерка, Кајли Џенер, го продаде својот дел во компанијата Kylie Cosmetics за 600 милиони долари на Coty Inc. Така Coty стекна 51% од уделот во компанијата што Кајли ја основа кога имаше само 18 години. Според „Вол стрит журнал“  Кајли и понатаму ќе остане заштитно лице на брендот, но дека тој сега ќе биде преименуван во Kylie Beauty.

Вредноста на брендот на Кајли се проценува на околу 1,2 милијарди долари. Новите сопственици очекуваат оваа година да остварат продажба од околу 200 милиони долари. Coty, кој е во сопственост на германски конгломерат, ги опфаќа брендовите OPI, Cover Girl, Clairol и Max Factor.

 

Scroll to Top