Кевин Харт четврти пат ќе стане татко

By

Кевин Харт и неговата сопруга Енико Париш објавија дека го очекуваат своето второ дете. Ова ќе биде четврто дете на американскиот глумец, кој има уште две деца од претходниот брак. Веста за татковството Харт ја објави на својот профил на „Инстаграм“.

„Шестчлено семејство. Благословен. Бебе број два“,  напиша тој до фотографијата на која се гледа трудничкиот стомак на неговата сопруга.

„Со сето она што се случува, ги броиме нашите благослови и не би можеле да бидеме поблагодарни што наскоро ќе бидеме шестчлено семејство“, напиша 35-годишната Енико.

View this post on Instagram

#Harts #FamilyOfSix #Blessed #LiveLoveLaugh

A post shared by Kevin Hart (@kevinhart4real) on

Инаку, глумецот има уште две деца, родени од претходниот брак со Тори Харт, со која се разведе во 2011 година по осум години брак: Хевен е роден 2005 година, а Хендрикс во 2007 година. Кевин се ожени за Енико во 2016 година по шестгодишна врска. Тие во 2017 година го добија синот Кензо.

 

Ќе ви се допадне