(Фото) Мерил Стрип го продава својот луксузен дом

Луксузниот дом на славната актерка Мерил Стрип во Њуjорк е на продажба.

 

Цената е 18,3 милиони долари, а ова не е првпат овој луксузен дом да се најде на огласите. Минатиот август таа исто така го стави на продажба својот дом, но тогаш бараше 25 милиони долари.

Нејзиниот дом е навистина врвно опремен. Има четири спални соби, пет бањи и библиотека. Кујната е опремена во италијански стил, со отворен концепт на трпезарија и дневна соба комплетирани со дрвени детали и прозорци од под до плафон, кои овозможуваат прекрасен поглед кон градот.

Scroll to Top