Наоми Кембел под истрага: Украла милиони додека собрала пари за децата кои живеат во сиромаштија

Популарната манекенка Наоми Кембел ја основала добротворната организација „Fashion For Relief“ во 2005 година, а сега е под истрага поради сомнително финансиско управување, пишува The Guardian.

Организацијата е создадена со цел да се соберат средства за децата кои живеат во сиромаштија и неволја ширум светот, а како што се наведува, со текот на годините собрала милиони за добротворни цели преку своите долгогодишни хуманитарни модни ревии.

Сега се истражува дали таа и нејзините соработници „правилно ги користеле своите законски должности и одговорности според законот за добротворни организации“.

Иако медиумите пишуваа дека Наоми го „спасила светот“ со модна ревија во Лондон, сè уште не се знае колку пари биле собрани таа вечер.

Последниот објавен извештај на оваа добротворна организација покажува дека до споменатата хуманитарна ревија во Лондон се собрани 1.722.000 евра, најмногу преку спонзорства.

Според сметките, 1.895.648 евра од нив се потрошени за организирање на хуманитарните настани и плаќање на ПР и другиот персонал. Се чини дека биле дадени само 6.509 евра за хуманитарни цели.

Излегува дека за хуманитарни цели биле дадени само 6.509 евра, а дека за персонал и сл. се потрошени 1.895.648 евра.

 

Scroll to Top