Поранешниот маж не ѝ дава на Хајди Клум да ги одведе децата во Германија

Топ-моделот Хајди Клум од судот во Америка бара дозвола да ги однесе своите четири деца во Германија, бидејќи нејзиниот поранешен маж, пејачот Сил, не ѝ дава децата да ги напуштат САД. Манекенката во барањето до судот наведува дека поранешниот сопруг не ѝ дозволува да ги земе децата во нејзината родна земја оти е загрижен поради коронавирусот.

„Јас сум добро запознаена со сите неопходни мерки на претпазливост поврзани со вирусот Ковид-19 и никогаш не би ги довела нашите деца во опасност. Ги презедов сите мерки на претпазливост за Германија на ист начин како што тоа го правам во САД“, стои во барањето на Хајди.

Клум и нејзиниот поранешен сопруг Хенри Семјуел – Сил имаат три сина, Хенри (14), Јохан (13) и Лу (10), и ќерката Лени (16) која Хајди ја доби од врската со Флавио Бриаторе, но Сил ја посвои законски. Тие беа во брак од 2005 до 2014 година.

Scroll to Top