„Со тебе сум пак како тинејџерка“, Џенифер Лопез две години љубов со Родригез

Џенифер Лопез прослави две години од врската со Алекс Родригез со емотивна порака.

„Две години смеа. Две години забава. Две години исполнети со авантури, со возбуда од созревањето и учењето, со вистинско пријателство и со премногу љубов“, напиша таа и додава

„Ти го правиш мојот свет поубаво, побезбедно и постабилно место. Во екот на нашиот променлив и динамичен живот, ти правиш да се чувствувам повторно како тинејџерка. Секојпат кога ќе помислам дека комплетно те познавам, ти ме изненадуваш на најубавите можни начини, потсетувајќи ме колку благословена сум што те најдов сега, во овој момент, во ова време, наше време. Те сакам“ – стои во постот на Џенифер Лопез на „Инстаграм“.

Откако се заедно, Џенифер и Алекс се неразделни. Тие имаат по две деца од претходни бракови.

Scroll to Top