Ѕвездата на „Менталист“ се разведува по 29 години брак

Ѕвездата на серијата „Менталист“, Сајмон Бејкер по 29 години брак се разведува од сопругата, актерката Ребека Риг. Тие за магазинот „Пипл“ потврдија дека веќе не се заедно и дека се разделиле уште лани во април. Двојката има три деца: Стела, 27, Клод, 22 и Хари, 19.

„Остануваме блиски пријатели и нашите три деца секогаш ќе бидат најважниот фокус во нашите животи“, стои во заедничката изјава на Бејкер и Риг.

Бејкер (51) и Риг (53) се запознаа во раните 1990-ти години и заедно глумеа во австралиската сапуница Â E Street.

 

Scroll to Top