Пејачката Мајли Сајрус проговори за своите проблеми со алкохолот и дрогата и откри дека конечно решила да се ослободи од овие пороци. Музичката ѕвезда е позната по својот екстравагантен стил на живот, а пред неколку дена го прослави својот 28. роденден.
Мајли неодамна објасни дека морала свесно да застане со пиење алкохол и земање дрога за, како што вели таа, нејзиното име да не заврши со имињата на другите легендарни пејачи кои го завршија својот живот многу неславно и влегоа во кобниот клуб „27“. На 27-годишна возраст починаа и Џими Хендрикс и Џим Морисон и Курт Кобејн и Еми Вајнхаус…
Мајли изјави дека лани морала да прекине и да го смени својот начин на живот.
„Тоа всушност ме натера да се отрезнам, бидејќи изгубивме толку многу икони кои имаа само 27 години. Тоа е многу клучно време“, изјави пејачката.
„Чувствувам дека некои уметници не успеале да ја следат својата моќ и енергија… Тоа е енергија“, изјави Сајрус за странските медиуми.
Пејачката на „Wrecking Ball“, сподели дека веќе шест месеци е трезна, но овој период бил многу предизвикувачки за неа. Нејзиното ново мото било „не збеснувај, само биди љубопитна“, како што открива, морала да се научи да не биде лута на себе.
Сајрус вели дека таа „не е умерена личност“ и појасни дека нејзиниот проблем не е алкохолот, туку последиците од нејзините активности под дејство.
„Немам проблем со пиењето, имам проблем со одлуките што ги носам кога сум под дејство… Само сакав да се разбудам 100%, да бидам будна 100% од времето“, вели таа.