50 Сент тужи докторка од Мајами, која тврдела дека си го зголемил пенисот

Раперот 50 Сент ја тужи докторката од клиниката за плстична хирургија во Мајами, која наводно му сугерирала дека тој е нивен клиент за операција за зголемување на пенисот.

Тужбата беше поднесена на 16 септември од страна на раперот пред федералниот суд поради фотографија што 50 Сент ја направил со докторката д-р Ангела Коган, мислејќи дека таа е негова обожавателка.

Докторката Коган подоцна ја искористила фотографијата во напис за американски портал, каде таа наводно кажала дека раперот бил нејзин клиент за зголемување на пенисот. Но натписот подоцна е отстранет.

Во првото поднесување, адвокатите на 50 Сент, Алехандро Паз и Џозеф Ребак, негираа дека раперот бил подложен на таква постапка и тврдеа дека Коган ја искористила фотографијата за комерцијална корист.

Scroll to Top