„АББА“ го објави третиот сингл по 40 години: Направивме среќна песна што ќе ве расположи во овие мрачни времиња

By

Шведската група „АББА“ ја објави третата песна од повратничкиот албум Voyage, што ќе излезе на 5 ноември. Групата на 2 септември го најави својот прв албум по 40 години пауза, со песните I Still Have Faith In You и Don’t Shut Me Down, а сега ја промовира Just a Notion.

Оваа песна била снимена уште во септември 1978 година, но на крајот не влегла на шестиот албум Voulez-Vous. Инструменталниот дел на новата верзија е снимен повторно, а вокалите се преземени од оригиналната снимка.

„Ова е апсурдно среќна песна. Се надевам дека ќе ве орасположи во овие мрачни времиња. Ова е добра песна со одлични вокали и за мене е мистерија зошто тогаш не влезе на албумот“, изјави Бјерн Улвеус.

Ќе ви се допадне