АББА на есен ќе објави нови песни

Шведската група АББА по 35 години ќе сними нови песна, потврди Бени Андресон, еден од членовите на популарниот квартет. Во видеото што го сподели фан-страницата ABBA Talk, тој одговора на прашањето што се случува со песните што ветиле дека ќе ги снимат во 2018 година.

„Доаѓаат. Песните ќе бидат готови оваа година. Претпоставувам по летото“, рекол Бени. „Не треба да се ветува ништо, но ако јас решавам сам, тоа би било септември. Не можам сам да донесам одлука, но тоа е месецот кон кој целиме“.

Пред речиси две години Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, Агнета Фелтског и Ани-Фрид Лингстад соопштија дека снимиле две нови песни, I Still Have Faith in You и Don’t Shut Me Down, кои ќе бидат дел од проектот „Аватар турнеја“.

Тие во тоа време изјавија: „Одлуката да се оди напред со возбудливиот проект – турнеја на аватарите во АББА – имаше позитивни последици. Сите четворици сметавме дека, по 35 години, би било забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во студио за снимање“.

Шведскиот бенд имаше девет број еден хитови во Велика Британија помеѓу 1974 и 1980 година и продаде стотици милиони албуми во целиот свет. Фановите повеќе од 3 децении чекаат нови песни од бендот.

Scroll to Top