АББА по 40 години објави нов албум

Шведската поп-група АББА по 40 години го објави новиот албум Voyage. Албумот го објавија во петокот, а дигитален концерт ќе одржат во мај наредната година во Лондон.

Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад последниот албум The Visitors го објавија1982 година. Од тогаш немаат објавено песна.

Voyage е објавен на интернет-страницата на групата во четвртокот. По долгогодишните шпекулации, бендот најави повторно собирање и нов албум на големо задоволство на обожавателите. Тие ги објавија песните I still have faith in you” i “Don’t shut me down”.

Покрај албумот со 10 песни, на концертот во Лондон, групата ќе се претстави и со дигитални аватари наречени ABBAtars. Тие ќе бидат направени со помош на технологија и снимени движења, слични на оние кои се користеа за Голумот во серијата филмови на „Господар на прстените“.

Членовите на бендот ќе бидат прикажани оригинално како што изгледале во 1979 година. Холограмите се производ на повеќегодишен проект, осмислен во партнерство со компанија за специјални ефекти која работела со творецот на „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас.

Концертот АББА досега повеќе пати го откажаа што поради технички потешкотии, што поради пандемијата со коронавирусот. Групата во меѓувреме ја смисли идејата со аватарите, а потоа работеше и на музиката. Тие уште во 2018 година го потврдија своето повторно собирање.

„На почетокот имавме само две песни, а потоа си рековме дека можеби е подобро да направиме уште неколку. На крајот си рековме зошто не направиме цел албум“, рече Бени Андерсон.

Бени и Бјорн во последните неколку недели на големо го промовираа новиот албум и велат дека одлучиле да ги поштедат од ваквите активности своите колешки и поранешни сопруги Агнета и Ани.

Scroll to Top