Британската пејачка Адел најави дека ќе одржи концерт во Минхен во рамките на нејзината летна турнеја, што ќе биде нејзина прва турнеја и прв настап во Европа од 2016 година.
„Не сум настапувала во Европа од 2016 година. Не можам да замислам поубав начин да го поминам летото и да ја завршам оваа убава фаза од мојот живот и кариера отколку со настапи кои се поблиску до дома“, напиша пејачката по потекло од Лондон, на нејзиниот Инстаграм профил.
Таа претходно тврдеше дека турнеите не и одговараат, но како што пишува „Мирор“ се предомислила, па најавила дека по последниот настап во Лас Вегас, кој е закажан за 15 јуни годинава, ќе настапи на четири настапи на Open Air сцената, на саемот во Минхен во текот на две недели од 2 до 10 август. Билетите ќе бидат достапни за претпродажба од 7 февруари, додека генералната продажба ќе започне два дена подоцна.
Во пресрет на крајот на светската турнеја што ја започна во Лондон во 2016 година, за време на која настапи низ Европа и Америка, како и Австралија и Нов Зеланд, британската пејачка им објави на своите обожаватели дека најверојатно нема да оди на турнеја на светот повторно.