Бразилската манекенка Адријана Лима летува на Миконос со турскиот бизнисмен Емир Ујар. Според светските медиуми, Ујар и Лима се во врска помалку од два месеца.
Богатството на Ујар се проценува на 250 милиони долари. Тој поседува неколку компании од полето на туризмот, недвижнини и од нафтената индустрија. Тој е често е во друштво на атрактивни жени, па медиумите пишуваат дека и врската со Лима нема да трае долго.
38-годишната Лима, пак, до неодамна беше во врска со турскиот писател Метин Хара. Тогаш се пишуваше дека врската е маркетиншки трик и дека Лима излегувала со Хара затоа што неговата издавачка куќа ѝ платила да се појави со него во јавноста, а за да му ја зголеми продажбата на новата книга.