Адвокатот на Мајкл Џексон гo тужи „Дизни“

Адвокатот на покојната музичка ѕвезда Мајкл Џексон, кој се грижи за имотот на кралот на поп-музиката, поднел тужба против империјата „Дизни“.

Адвокатот Хауард Вицмен, компанијата ја тужи, затоа што како што изјавил, ги прекршила авторските права и без дозвола земала голем број на снимки и фотографии за специјалот „Последниот ден на Мајкл Џексон“, кој биле емитувани минатата недела.

Овој специјал бил прегледан преку 5,5 милиони пати, а адвокатската куќа на „Дизни“, тврди дека наводно луѓето известиле за тоа дека работат на документарецот, поради што користењето на видеата и фотографиите ги сметале за оправдани.

„Можете ли да замислите некој да украде од интелектуалната сопственост на „Дизни“, како што се Мики Маус, Пепелашка, Одмазници, Војна на ѕвездите и Приказни за играчките?!“, прашал адвокатот на покојниот Џексон за американскиот ТМЗ.

На приказната как „Дизни“ ваквиот потег го смета за оправдан, адвокатот Хауард вели дека тоа се глупости.

„Тоа се глупости. Притоа воопшто документарецот не е фокусиран на последните денови на Мајкл, туку бил осврнат на неговиот живот и кариера во забавувачката индустрија“, раскажал Хауард, додавајќи дека украдените песни и студиски снимки, од хитовите на Мајкл, како Billie Jean и Beat It.

„Уште ги користеле и неговите деца, за да стават срцекршачки сцени. Земен е момент од Парис Џексон на меморијалната служба од 2009 година, на која говори за својот татко“, раскажал адвокатот.

Како што истакнал, снимките не се за комерцијална употреба, а однесувањето на челниците на Дизни е иронично.

„Тие водат грижа за заштита на авторските права. Една двојка беа тужени од Дизни, за милион долари, затоа што во јавноста биле облечени во портокалов тигар и сино магаре, па премногу потсетувале на ликовите од „Tigger i Eeyore“, раскажал Хауард.

Адвокатот не прецизирал за која сума ќе ги тужи „Дизни“, туку само соопштил дека ќе ги бара парите кои компанијата ги заработила прикажувајќи го специјалецот за Џексон, како и одредена сума за нанесената штета.

„Дизни“ сè уште се нема огласено по оваа тужба.

Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година.

Scroll to Top