Адвокатот на Трамп, Џулијани, освои „Златна малина“ за најлош спореден актер

Адвокатот на Доналд Трамп и поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани ја доби наградата со „Златна малина“, за најлош спореден актер за улогата во филмот „Борат 2“.

Тој во филмот „Борат 2“, на режисерот Саша Барон Коен, беше наместен во еден хотел и снимен во компромитирачка сцена. Џулијани изјави дека ништо недолично не се случило. Сепак критичарите сметаат дека и самото негово појавување во филмот дополнително ја нарушило неговата веќе разнишана репутација, пишува „Гардијан“.

Џулијани доби и признание за најлоша комбинација на екранот.

„Апсолутен доказ“, документарец за кинеското мешање во изборите во Америка, ја освои „Златната малина“ за најлош филм, а Мајк Линдел, врз основа на тој филм, е прогласен за најлош актер.

„Златна малина“ за најлош римејк, доби филмот „Д-р Дулитл“, со Роберт Дауни помладиот, а полската романтична драма „365 дена“ освои „Златна малина“ за најлошо сценарио.

Scroll to Top