Агилера: Се скршив кога открив дека моето момче е геј

За време на гостувањето во новиот серијал „Untucked“, Кристина Агилера разговарала меѓу останатото за значењето на нејзината песна „Infatuation“ од албумот „Stripped“.

Пејачката пеела за забранета љубов, опсесијата, љубовта воопшто и признала дека во 2002 година, тогашниот дечко и го скршил срцето со тоа што признал дека е геј.

„Многу ми падна тешко кога дознав дека игра за вашиот тим, а не мојот“, објаснила Кристина.

Иако не сакала да го именува поранешното момче, познато е дека MTV News во 2002 година обелоденил дека песната пејачката му ја посветила на Хорхе Сантос, со кого била во врска две години.

„Кога ќе го види видеото ќе полуди“, прокоментирала водителката Ванеса.

„Се надевам“, одговорила Кристина.

 

 

Scroll to Top