Актерката Аманда Бајнс тврди дека ѝ вградиле микрочип во мозокот

Актерката Аманда Бајнс, којашто беше дете ѕвезда во Холивуд, неодамна ја изненади јавноста кога изјави дека ѝ вградиле чип во мозокот. Таа тврди дека чипот ѝ го вградил неговиот татко. Глумицата прво го обвини татка си за сексуално злоставување, но набрзо ја повлече тужбата.

„Чипот што ми е вграден во главата ме натера да го кажам сето тоа. Ама да знаете, татко ми ми го вгради чипот“, рекла таа.

Глумицата, која одамна не снима филмови, последните години е позната по своите испади во јавноста. Таа одамна е зависна од алкохол и дрога, кои ѝ го уништија животот.  Во 2012 година таа беше фатена како вози дрогирана, а една година подоцна пушеше марихуана во лоби од зградата во Њујорк каде што живееше. Таа стаклениот бонг им го фрлила на полицајците од 36. кат. Истата година, предизвикала пожар на прагот од куќа на непознати луѓе по што ѝ бил одреден психијатриски надзор од 72 часа.

Неколку пати таа беше и на клиника за одвикнување од зависности. Таму го запозна својот поранешен свршеник Пол Мајклс, кој ѝ помогнал да остане чиста, но брзо по веридбата, двојката се раздели.

Последниве месеци фотографите често ја сликаат како седи сама на улица и пие кафе.

Сепак, Аманда не ја исклучува можноста да се врати на снимањето филмови, но сè уште е посветена на своето здравје и не сака да брза со одлуката од страв дека повторно може да посегне по дрогата.

Scroll to Top