Актерката Клер Холт, ѕвездата од серијата „Вампирски дневници“ по губењето на бебето се огласи јавно со отворено писмо на социјалните мрежи.
Имено, таа на Инстаграм објави фотографија пред киретажа, медицински зафат за отстранување на мртвиот плод од матката.
-По киретажата поминав часови на интернет барајќи жени кои поминале низ истото како и јас. Бев очајна и во потрага по некој што може да се поистоветам. Некој што би ми кажал дека депресијата и безнадежноста се нормални. Дека не е моја грешка. Дека не сум скршена засекогаш.Најдов заедница на жени кои со мене го споделија истото искуство… напиша Клер. Таа додава дека клуч на нејзиниото закрепнување е поддршката која ја добила од свршеникот кој постојано бил до неа.