Актерката Кортни Кокс доби ѕвезда на Булеварот на славните

Актреката Корни Кокс (58) доби ѕвезда на Булеварот на славните. Глумицата која ја стекна светската слава со улогата на Моника во еден од најпопуларните ситкоми на сите времиња „Пријатели“ стана една од 2.750 луѓе кои се почестени со оваа ѕвезда. Актерката ја поддржаа нејзините колешки од серијата Џенифер Анистон (Рејчел) и Лиса Кудроу (Фиби), како и нејзиниот долгогодишен партнер Џони Мекдејд и ќерката Коко Аркет. Кортни им се заблагодари на нејзините пријатели. “Не можам да поверувам дека сите мои пријатели се тука. Чувството е одлично”, рече актерката.

Scroll to Top