Актерката Вероника Форке пронајдена мртва во нејзиниот дом

Шпанската актерка Вероника Форке е пронајдена мртва во нејзиниот дом, откако се самоубила, соопшти полицијата. Форке се прослави во светот со улогата во филмот „Кика“ на Педро Алмодовар.

„Таа изврши самоубиство во својата куќа“, изјавил портпаролот на полицијата без да даде детали.

Форке, која на 1 декември наполни 66 години, беше една од најпопуларните актерки во Шпанија во 1980-те и 1990-те години. Во тоа време глумеше во многу комедии.

Таа ја освои наградата за најдобра актерка за филмот „Кика“ во 1994 година на Гоја наградите, најголемото филмско признание во Шпанија. Таа глумеше и во филмот на Алмодовар „Што направив за да го заслужам ова?“, неговиот прв филм што излезе во кината во САД, но и во филмот „Матадор“, со Антонио Бандерас.

Славниот актер преку Твитер се прости од својата колешка.

„Збогум Вероника Форке. Работев со неа пред неколку години и се сеќавам на една нежна, духовна жена и многу вредна колешка“, напиша тој.

Scroll to Top