Актерот Елјес Габел уапсен под обвинение дека ја давел својата девојка

Ѕвездата на серијата „Шкорпион“, Елјес Габел, е уапсен под обвинение дека ја нападнал и ја давел својата девојка. Полицијата го упасила во хотелска соба во Њујорк откога добиле пријава за насилство.

Според полицискиот извештај, глумецот првин ја удрил девојката, чие име не се открива, а потоа почнал да ја дави со двете раце и ѝ оставил траги на вратот. На крајот ја плукнал в лице и ја нарекувал со погрдни зборови. Девојката го обвинила и дека ја турнал неколкупати да падне на земјата, а потоа ѝ го фрлил мобилниот телефон на подот и го искршил.

Глумецот ги негира обвинувањата за насилство.

 

„Ова се бесмислени обвинувања. Елјес не направил ништо од она за што го товарат. Тој никогаш не би повредил жена“, стои во соопштението на неговиот адвокат до медиумите.

Актерот, кој ја играше главната улога во серијата „Шкорпион“, имаше помали улоги во „Игра на тронови“ и „Светска војна З“.

Scroll to Top