Актерот Марк Блум почина од коронавирус

Американскиот глумец Марк Блум, кој се прослави со улогите во филмовите „Очајно барајќи ја Сузан“ од 1985 година и „Крокодилот Данди“ од 1986, почина во 70-та година од животот од компликации предизвикани од коронавирусот, соопштија од њујоршкиот театар Playwrights Horizons.

„Playwrights Horizons му одаваат почит на Марк Блум, драгиот стар пријател и брилијантен актер кој почина оваа седмица“, стои во објавата на „Твитер“.

Блум е роден во сојузната држава Њу Џерси во 1950 година. Кариерата ја почнал како театрарски актер, кој подоцна снима филмови, а настапуваше и во телевизиски серии. Блум се појавуваше во епизоди од серијалите „Сопранови“ и „Истрага на местото на злосторството: Мајами“. Блум последните години работеше на телевизиските серии, а меѓу неговите последни проекти беа „Милијарди“, „Скоро семејство и во серијата „Ти“ во продукција на „Нетфликс“.

Scroll to Top