Актерот Сем Нил е во трета фаза од рак на крвта: Не се плашам да умрам

Познатиот актер Сем Нил (76) е во трета фаза од рак на крвта. Актерот ги сподели деталите за неговата борба. Херојот на култниот филм „Јура парк“ храбро се бори против злобната болест.

Актерот Сем Нил изјави за Australian Story дека хемотерапијата не успеала, оставајќи го да се бори за својот живот, но дека експерименталниот лек сега делува. Познатиот актер боледува од Т-клеточен ангиоимунобластичен лимфом.

И покрај ветувачките вести, актерот рече дека знае дека нема да трае вечно, лекарите му рекле дека лекот ќе престане да делува во одреден момент и тој е подготвен за тоа.

„Не се плашам од смртта на ниту еден начин. Тоа не ме загрижува. Никогаш не ме загрижуваше од самиот почеток, но би ме изнервирало. Би ме изнервирало бидејќи има работи што сакам да ги направам. Многу иритирачки е умирањето, но, јас не се плашам од тоа“, рече тој.

Актерот на Инстаграм објави фотографија од периодот кога прима хемотерапија: „Имаше моменти во последната година кога морав да се погледнам во огледало и не бев убава глетка, ми беше одземено достоинството“.

Сем Нил, кој откри дека има рак во март, дозна дека има рак на крвта за време на патувањето во Нов Зеланд минатата година, по двегодишниот карантин што го спречи да се врати дома и да се види со семејството. Неговиот син Тим изјави за Australian Story дека веста за дијагнозата дошла еден час откако актерот се вратил дома.

„Кога ја спушти слушалката, и кога седнавме, малку плачевме заедно. Требаше да биде среќен ден, не можеше да остане”, додал синот на познатиот актер. А Нил додаде: „Бев во вистинска борба за мојот живот. И сето тоа беше нов свет и доста алармантен свет. Имав три или четири месеци конвенционална хемотерапија што беше брутално“.

Синот го посетил додека бил на лекување и бил шокиран од тоа колку е слаб неговиот татко.

„Тој беше само, кожа и коски. Му пречеше што бев вознемирен поради тоа и ми рече дека го стресувам“, се сеќава тој на таа средба.

Кога мислеле дека ситуацијата е подобрена, дознале дека ракот се вратил, во сериозна форма.

Актерот е во ремисија веќе 12 месеци, но признава дека е подготвен за фактот дека на крајот лекот ќе престане да делува. „Знам дека имам рак, но навистина не ми е грижа. Тоа е надвор од моја контрола. Ако не можете да го контролирате, не навлегувајте во него“, вели тој.

Актерот подготвува инфузии на секои две недели и ќе продолжи да го прави се додека лекот делува. Тој ги опиша овие терапии како многу депресивни.

Сем Нил првпат откри дека боледува од рак во мемоарите „Дали некогаш ти го кажав ова“.

Scroll to Top