Актерската легенда Џина Лолобриџида на 95 години ќе се кандидира на следните избори во Италија

Италијанската актерскa легенда Џина Лолобриџида најави дека ќе се кандидира на следните парламентарни избори во Италија оти ѝ здодеале сегашните политичари. Актерката, која пред еден месец наполни 95 години, ќе се обиде да стане сенатор преку партијата Суверена и народна Италија, нова евроскептична политичка алијанса која се противи на праќањето оружје во Украина и на агресивниот евроатлантизам.

Таа за „Кориере дела сера“ изјави дека е инспирирана од Махатма Ганди и од неговиот ненасилен начин на дејствување и дека била добра пријателка со првата индиска премиерка Индира Ганди.

„Се трудам да останам креативна и сега сакам да искористам дел од мојата енергија за важни работи, особено за мојата држава“, изјави Лолобриџида.

Таа за последен пат покажа политички амбиции во 1999 година, кога се кандидираше за Европскиот парламент.

Scroll to Top