Легендарниот глумец Ал Пачино го прослави 83 роденден. Во неговата 60 години долга кариера оствари некои антологиски улоги, па затоа другарите уште од дете му го дале прекарот глумец.
Некои од неговите улоги и до ден денес се култни, како онаа во филмот „Кум“, a eдна од неговите последни запазени е во наградениот филм на Мартин Скоресезе, „Ирец“.
Неговото вистинско име е Алфредо Џејмс Пачно и е роден во Њујорк, додека родителите му се со потекло од Италија. На 17 години се откажал од средното школо и работел како домар, возел автобус, работел во пошта и се занимавал со разни работи за да заработи за живот.
Се занимавал со безбол и сакал да стане спортист. Почнал да пие и пушти на девет години, а веќе на 13 пробал марихуана. Иако ја земал редовно, рече дека никогаш не уживал во тешки дроги.
Денес иако е во деветтата деценија од животот, луѓето често можат да го видат како џогира низ Беверли Хилс во Калифорнија. Глумецот додека џогира во исто време и танцува. Особено му се омилени неговите танго потези од познатата сцена во „Мирисот на жената“.
За него пријателите велат дека бил во врска со најубавите жени но никогаш не се оженил, а за потсетување, сега се забавува со 53 години помладата продуцентката Нур Алфалах.