Албумот на Тејлор Свифт од 2012 година „Ред“, е избран за албум на годината за време на доделувањето на „Американските музички награди“. Церемонијата се одржа во неделата, а гласаа голем број обожаватели.
Последните години Свифт сними нова верзија на албумот од 2012 по спорот кој го имаше со поранешната дискографска куќа.
„Не можам да ви кажам колку ми значат моите преснимени албуми, но никогаш не очекував, ниту пак претпоставував дека ќе ви значи и на вас“, рече Свифт додека ја прими наградата.
„Не можам доволно да ви се заблагодарам што се грижите за овој албум“, додаде пејачката.
На Свифт ѝ беше доделена и главната награда на вечерта во трката за изведувач на годината, за која се натпреваруваше со Бијонсе, Хари Стајлс, Дрејк Адел и Викнд.
Дов Камерон, поранешната глумица на „Дизни Ченл“, која годинава стигна на листата на „Билборд“ со песната „Boyfriend“ го освои трофејот за најдобар нов изведувач. Машин Ган Кели беше прогласен за омилен рок изведувач.