Алек Болдвин петтипат татко

Американскиот актер Алек Болдвин петти пат стана татко. Сопругата Хиларија, која е инструкторка по јога, го роди нивното четврто дете. По синовите Рафаел и Леонардо и ќерката Кармен, тие добија уште син. 60-годишниот актер и Хиларија се во брак веќе шест години.

Болдвин од претходниот брак со актерката Ким Бесинџер ја има 22-годишната ќерка Ајрланд која е позната манекенка.

Scroll to Top