Алек Болдвин за „Добро утро Америка“ низ солзи рече дека тој не ја убил Халина и не пукал со пиштолот

By

Актерот Алек Болдвин го даде своето прво интервју по кобната несреќа што се случи во Ново Мексико на 21 ноември, кога случајно ги застрела снимателката Халина Хачинс и снимателот Џоел Соуза. Во трагичниот настан животот го загуби Хачинс, а Соуза беше потешко повреден.

dobivaj vesti na viber

„Чкрапалото не беше повлечено. Не го повлеков чкрапалото“, му вели актерот на новинарот на телевизијата Еј-би-си, Џорџ Стефанопулос, според извадокот од интервјуто, кое треба да се емитува  четврток.

Значи, никогаш не сте го повлекле чкрапалото?“, го праша Стефанопулос.

„Не, не, не. Никогаш не би вперил пиштол кон никого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш“, одговора Болдвин.

„Кога ќе размислам за целата работа, помислувам што можев да направам поинаку“, објасни Болдвин па рече дека Хачинс била колешка со која сакал да работи.

„Таа беше некој со кого сакав да работам. Сите кои работеа со неа ѝ се воодушевуваа. Мислам дека сега ми е тешко да поверувам дека се случило такво нешто. Не ми делува реално“, рече Болдвин и почна да плаче пред водителот.

Целото интервју ќе биде емитувано во четврток, а водителот Степханополус рече дека на актерот му било тешко да зборува за време на нивниот разговор.

„Имам направено стотици интервјуа во последните 20 години, но ова беше најинтезивното кое сум го доживеал“, рече тој.

 

Ќе ви се допадне

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatcher AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

AniWatch Attack on Titan Season 3 Episode 9

AniWatch Redo of Healer

How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12

tải go88