Алекс Родригез ја одведе новата девојка на патување во Италија

Поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез е на патување во Италија со новата девојка, фитнес-моделот Кетрин Пеџет. Тие се снимени додека пловат со јахта во близина на островот Капри. На фотографиите што ги објавија светските медиуми Кетрин позира додека Алекс за слика на јахтата.

Ова е прва девојка со која Родригез се појави во јавноста откако пред една година ја раскина свршувачката со Џенифер Лопез. Некои од таблоидите коментираат дека Пеџет многу потсетува на Лопез и дека Алекс очигледно уште не ја преболел поранешната свршеница.

 

Scroll to Top