Александра Радовиќ пееше кај Ѕверката

Српската пејачка Александра Радовиќ пееше во њујоршкиот клуб The Cutting Room, чиј сопственик е актерот Крис Нот, момчето на Кери Бредшо, Ѕверка од серијата „Сексот и градот“. Пејачката за српките медиуми рекла дека била воодушевена од публиката.

„Неговиот клуб е преубав простор. Луѓето пееја заедно со мене и играа на мојата музика“, изјавила за српски „Курир“.

Претходно имала настап во Мајами каде што се сретнала со неколку свои познаници, меѓу кои и српскиот тенисер Ненад Зимоњиќ, кој бил со сопругата Мина.

„Имав среќа веднаш да се сретнам со пријателите кои живеат во  Мајами или се работно таму како и мене“, додала таа за српскиот медиум.

Scroll to Top