Алесандро дел Пјеро заврши во болница

Поранешниот италијански фудбалер и играч на Јувентус, Алесандро дел Пјеро, заврши во болница поради камен во бубрег. Италијанецот објави фотографии од болничкиот кревет и се пожали на силни болки.

„Сеуште не можам да верувам дека толку мала работа од три милиметри, може да предизвика толкава болка“, напиша Дел Пјеро на социјалните мрежи.

Италијанецот во моментов живее во Лос Анџелес, каде минатата година отвори ресторан „Н.10“. Тој се наоѓа во една од тамошните болници, а друштво му прават некогашниот негов противник од Реал Мадрид, Луис Фиго и мотоциклистот, Макс Биаџи.

 

View this post on Instagram

 

Buon Compleanno Dorotea! 💖#happybirthday #buoncompleanno #dorotea #adp10

A post shared by Alessandro Del Piero (@alessandrodelpiero) on

„Сè помина, Алекс напред“, напиша поранешниот светски шампион во мотоциклизам, а Луис Фиго му порача на својот голем пријател побрзо да оздраве.

Се огласија и од поранешниот клуб на Дел Пјеро, Јувентус, каде Италијанецот беше најдобар стрелец со постигнати 290 голови. И тие му посакаа побрзо опоравување.

Дел Пјеро, неодамна се приклучи во хуманитарна акција, која ја покренаа италијанските репрезентативци кои во 2006 година, станаа светски шампиони. Тие собраа средства и купија четири возила за итна помош и им ги подарија на италијанскиот Црвен крст за помош во борба против пандемијата „Ковид-19“.

Scroll to Top