Амал ѝ е љубоморна на Џулија Робертс, му забранила на Џорџ Клуни да работи со неа

Познатата адвокатка за човекови права, Амал Клуни е љубоморна на познатата глумица Џулија Робертс. Како што пренесуваат светските медиуми, Амал му забранила на сопругот Џорџ Клуни да работи со неа. Во моментов двајцата ja снимаат романтична комедија Ticket to paradise.

„Амал е вознемирена и не ја сака премногу Џулија во негова близина, поради силната хемија која ја има меѓу нив двајцата. Таа дури и му забрани на моменти тој да работи со неа“, открива извор близок до актерот.

Тој вели дека и Џулија не дозволува никој да ги посетува за време на снимањето. Таа и забранила и на Амал и нејзините близнаци да доаѓаат на сетот, а Амал е несреќна и се сомнева дека можеби постои нешто меѓу нив двајцата дополнува изворот.

Тој вели дека Амал никогаш не се чувствувала удобно во друштво на Џулија, а и самиот Џорџ не им дозволувал на сопругата и децата да го посетуваат за време на пандемијата.

Клуни и Робертс ќе толкуваат улога на разведен пар, кој што патува на Бали за да ја спречи ќерка си да ја повтори истата грешка што тие ја направиле пред 25 години.

„Романтичната комедија, која повторно ќе ги спои Клуни и Робертс, ќе биде филм наменет за сите мајки“, изјави режисерот.

Џорџ и Џулија и претходно сме ги гледале заедно на филмското платно во филмовите Ocean’s Eleven и Ocean’s Twelve, но и во режисерското првенче на Клуни – Confessions of a Dangerous Mind и во трилерот што го режира Џоди Фостер – Money Monster.

Scroll to Top