Последните неколку дена светските магазини на големо пишуваат дека еден од најпознатите парови Џорџ и Амал Клуни ќе се разведат. Разводот на славната двојка би чинел 450 милиони евра, пишува британски „Мирор“.
Иако холивудскиот актер и адвокатката до своите обожаватели излегоа со изјави дека станува збор само за трачеви, со тоа не се согласува близок извор до двојката.
„По последните жолчни расправи, Амал ги има собрано своите работи и замина со едногодишните близнаци, Александар и Ела во нивниот дом на Сардинија. Клуни постојано ѝ испраќал пораки дека сака да ги види децата“, вели изворот и додава дека Амал јасно му порачала дека ако доаѓа во Сардинија, единствено место каде може Клуни да спие, тоа е гостинската куќа.
Џорџ и Амал се запознале во 2013 година, кога нивни заеднички пријател ја однел адвокатата во куќата на актерот во близина на езерото Комо во Италија.
Ова на Џорџ Клуни е втор брак. Од 1989 година, до 1993 година тој беше во брак со актерката Талија Балсам.