Амал Клуни: Горда сум на син ми кој ми рече дека Путин треба да го сместиме во затвор

Сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни, Амал, заедно со Мишел Обама и Мелинда Гејтс гостуваше на панел во Њујорк каде што зборуваше за нејзините петгодишни близнаци Ела и Александер на кои е многу горда и за тоа како тие биле инспирирани од нејзината работа.

Рече дека додека ги водела некои од случаите поврзани со Украина нејзините деца ја слушале и бележеле во тетратки. Објасни дека биле во тек со актуелните светски настани кои се случуваат во земјата.

„Добро и внимателно ме слушаат, па не чуди што почнуваат да размислуваат на оваа тема. Мојот син нацрта слика од затвор ѝ ми рече дека Путин би требало да го сместиме таму“, рече Амал.

Потоа рече дека и Ела и Александар се нејзините најголеми двигатели кога станува збор за фондацијата, но додаде дека е само прашање на време кога тие ќе почнат вистински да разбираат што се случува во светот. Се надева дека и сега и во иднина ќе може да им го даде вистинскиот одговор.
Scroll to Top