Амал не ги поднесува родителите на Клуни

By

Светските медиуми во изминатите неколку недели наголемо пишуваа дека познатата двојка Џорџ и Амал Клуни се пред развод. Како една од причините поради кои тие не се среќни во бракот се родителите на глумецот. Како што пишуваат медиумите, Амал не може да ги поднесе.

dobivaj vesti na viber

Таа наводно му упатила и ултиматум на Џорџ дека ако тие не си заминат од нивниот живот, тогаш таа ќе го остави. Извор близок до семејството за Globe открива дека Клуни има намера да ги пресели неговите родители, кои живеат во Кентаки, во неговиот дом во Лос Анџелес.

Џорџ чувствува дека негова должност е, додека се живи, да ги направи посреќни. Тој сака да го искористи секој момент да биде со нив. Но, ова е неприфатливо за Амал“, открива изворот.

Џорџ смета дека е добро нивните деца да може да се дружат со своите баба и дедо. Амал, која веќе некое време е незадоволна во бракот, би можела да донесе одлука за развод. Таа се плаши дека родителите на Клуни ќе ѝ направат проблем во одгледувањето на децата.

 

 

Ќе ви се допадне