Амбер Херд фрлала шишиња алкохол по Џони Деп и го горела со свеќи

Актерот Џони Деп поднесе нова тужба за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд во износ од 50 милиони долари. Деп ја обивни Амбер дека ги лажирала повредите и модриците и дека тој бил жртвата во нејзината приказна и сведочење за семејно насилство.

„Ги одбивам обвинувањата на госпоѓица Херд. Ги отфрлив уште во мај 2016 година. Таа успеа да го убеди судот благодарение на лажни фотографии од модрици. Јас имам сведоци и снимки кои можат да потврдат дека претходно таквите повреди ги немала. Таа беше насилна, а јас жртва“, стои во тужбата на Џони Деп.

Актерот тогаш од судот добил привремена забрана за доближување на неговата сопруга Херд. Деп тврди дека Амбер била насилна кон него и дека често знаела да го удира и во присуство на други луѓе.

„Често ги мешаше амфетамините, лековите со алкохол. Госпоѓица Херд многупати извршуваше насилство над мене, неретко и во присуство на трети лица. Многупати добивав и тешки повреди. Ме удираше повеќе пати и фрлаше со шишиња алкохол. Ме гореше со свеќи“, стои во тужбата, во која пишува дека Амбер му го повредила прстот на Деп кога фрлила шише вотка кон него. Деп во тие моменти барал Амбер да потпише предбрачен договор.

Адвокатот на Амбер го окарактеризирал овој чин на Џони Деп како теорија на заговор.

Ѕвездата од „Пиратот од Карибите“ и Амбер се запознаа во 2011 година, а се венчаа четири години подоцна. По нејзините обвинувања за злоставување, во 2016 година, целиот свет дозна за насилното однесување на актерот. Година дена подоцна, двајцата законски се разведоа.

Scroll to Top