Амбер Херд: Луѓето ми се закануваат и ме исмеваат затоа што проговорив за семејното насилство што го трпев од Џони Деп

Глумицата Амбер Херд рече дека редовно добивала смртни закани од кога почнало судењето со Џони Деп. Рече дека луѓето ја исмевале затоа што сведочела за семејното насилство кое го трпела од Џони Деп.

„Добив стотици смртни закани од почетокот на судењето. Луѓето ме исмеваат поради сведочењето за семејното насилство. Се надевам дека никој не мора да го помине она низ кое јас поминувам“, рече Амбер.

Херд поднесе противтужба и бара 100 милиони долари оштета поради тврдењата на поранешниот адвокат на Џони Деп, Адам Валдман, дека нејзините тврдења за злоставувања се измама.

Нејзините адвокати во четвртокот повторно ја повикаа на клупата за сведоци за да ја испрашаат за противтужбата. Таа рече дека многу патела поради тврдењата на Валдман.

„Луѓето сакаат да ме убијат и тоа ми го зборуваат секој ден. Сакаат да го стават моето бебе во микробранова“, рече Херд.

За потсетување, таа и Деп се запознаа за време на снимањето на филмот The Rum Diary, а се венчаа во 2015 година. Херд во 2016 година поднесе барање за развод, а следната година се разведоа. Судењето веќе влезе во шестата недела, а завршните зборови се очекуваат да се случат денес.

Scroll to Top