Американски кантри-пејач починал за време на настап

By

Американскиот кантри-пејач Дејвид Олни починал додека настапувал на сцената на фестивал во Флорида. „Би-би-си“ пренесува дека Олни застанал среде песна, се извинил ги затворил очите и замолчел.

„Седеше мирно со гитарата, а на себе имаше шешир и јакна. Наеднаш прекина на неговата трета песна. Само ги затвори очите“, напишала на „Фејсбук“ една од музичарките која седела до него.

Еден од двајцата музичари кои биле со него на сцената Скот Милер, се обидел да го оживее, но безуспешно.

„Го загубивме Дејвид, еден од најпријатните кантавтори кого имав задоволство да го запознаам и да научам многу од него. Направивме се што можевме да го оживееме. Светот го изгуби еден од најдобрите луѓе, но неговите песни остануваат“, напишал Милер.

Пријателите и колеги на Олни преку соопштение до јавноста открија дека музичарот имал срцев удар додека настапувал на плажата Санта Роса. Олни беше клучен протагонист во музичката сцена во Нешвил, а неговите песни се изведувани од бројни американски фолк sвезди.

Олни ја основал и рок-групата Х-Rays во раните 80-ти, по што започна соло кариера за време на која снимил повеќе од 20 албуми.

Ќе ви се допадне

Fight!! (https://aniwatch.pro/m/D5e4) Episode Full

3x3 Eyes: Legend of the Divine Demon (https://kissanime.mx/m/748V) Episode 3

Yajikita Gakuen Douchuuki Episode 2

Watch Children of the Sea (Dub) Episode Full

People sap: https://people.sap.com/kissanimemx#about

Recordsetter: https://recordsetter.com/user/gogoanimebe