Американскиот рапер Јанг Долф убиен пред ресторан во Мемфис

Американскиот рапер Јанг Долф (36) е убиен во престрелка во Мемфис. Тој бил пред ресторанот кога непознат маж почнал да пука од автомобил во движење, јавува локалната полиција. Сè уште не се знае кој е мотивот за убиството, ниту кој е осомничениот.

„Ова пукање е уште еден пример за бесмисленото насилство со огнено оружје што го доживуваме низ целата земја. Нашите срца се со семејството Торнтон и сите оние кои се погодени од овој ужасен чин на насилство“, рече началникот на полицијата Дејвис.

Не е првпат некој да се обиде да го убие Долф. Тој беше застрелан во Лос Анџелес во 2017 година, но лекарите тогаш успеаја да му помогнат.

 

Scroll to Top