Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ќе станат родители

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ со слика на „Инстаграм“ откри дека е повторно бремена. Таа и нејзиниот сопруг, некогашниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер го чекаат своето второ дете.

„Срцата ни се полни радост. Ќе имаме уште еден мал ‘додаток’ во нашето семејство!“, напиша Србинката покрај сликата на која има четири пара патики.

Ова е второ дете за Ана и Бастијан, кои се венчаа во јули 2016 година. Тие го имаат синот Лука кој се роди лани во март.

Scroll to Top