Ана Винтур се разведе на 70 години

Уредничката на модниот магазин „Вог“, Ана Винтур (70), се разведе по 16 години брак од инвеститорот Шелби Брајан (74). Нивни блиски велат дека тие веќе неколку години имале криза во бракот и дека разводот не е изненадување за никого.

Иако точната причина за нивниот развод не е позната, американските медиуми неодамна пишуваа дека Шелби повторно се зближил со својата прва сопруга Кетрин, која ја остави поради Винтур, што дополнително го влошило и онака лошиот однос меѓу нив.

Ова е втор развод на Винтур, која беше во брак со Дејвид Шефер, со кого има син и ќерка. Ана и Шелби немаа деца.

Scroll to Top