Анџелина Џоли евакуиранa од снимање поради бомба

Анџелина Џоли и Ричард Маден биле итно евакуирани од сетот на новиот филм на „Марвел“, откако на местото каде што снимале е пронајдена недетонирана бомба од Втората светска војна. Во екипата што го снима филмот „Вечните“, се и Селма Хаек и Кит Харингтон, но тие не биле на снимањето во моментот кога е пронајдена бомбата.

Инаку, новиот филм на „Марвел“ се снима во Фуертевентура на Канарските Острови. Сè уште не се знае од каде е бомбата или колку долго стоела таму, но познато е дека Германците го користеле островот како своја база во текот на Втората светска војна.

„Сите беа во паника, но веднаш стигна екипа и професионалци ја отстранија бомбата. Но, беше страшно. Бомбата стоела таму со децении недопрена и којзнае што сè можеше да се случи. Замислете да се активираше“, рекол извор за британскиот весник „Сан“.

Откако бомбата е деактивирана и местото е проверено за други бомби, екипата го продолжила снимањето.

Scroll to Top