Анџелина Џоли ги уништува своите деца, обвинува дадилката

By

Анџелина Џоли веќе подолго време во јавноста се обидува да се претстави како идеална мајка која одлично успева да се избори за шесте деца и покрај наводите на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, дека работите можеби не функционираат баш најдобро.

Актерката за време на бракоразводната парница на сите начини се обидува да докаже дека е супер мајка, но вистината е поинаква, вели дадилката на децата.

Таа наводно покрај секојдневните обврски, се обидува да ги одгледа и воспита децата за себе својствен начин. Џоли смета дека таа позитивно влијае на нив. Таа вели дека секоја вечер ги успива, забавува, а според нејзините зборови, примарна цел им се домашните задачи и образование.

Сепак ова идеалн самохрано родителство го демантирала една од дадилките која со семејството минаа речиси 24 часа дневно.

„Таа е мајка која е отсутна поради своите секојдневни проблеми и кариера. Не стигнува да им се посвети на децата и тоа е рецептот за пропаст“, изјавила дадилката.

Таа објаснува дека Анџелина не може да ги воспита своите деца, дека тие се целосно надвор од контрола.

„Целосно се шашави и надвор од контрола“, додала дадилката наведувајќи дека нејзиниот ред и мир постоел сè до разводот со Бред Пит во 2016 година.

„Анџелина мисли дека е кул мајка и дека според нив се однесува како кон возрасни лица. Но, вистината е дека децата од време на време им е потребен некој кој ќе ги прекори, за да можат да го разликуваат исправното од погрешното. Анџелина создава поголеми проблеми отколку што прави добро“, вели дадилката.

„Склона е на пијалоци и речиси секоја вечер пише шише црно вино, а некогаш и повеќе од потребно“, вели дадилката, додавајќи дека и нејзините најстари деца, иако се под границата кога легално смејат да пијат, Анџелина повремено им дозволува да испијат една или две чаши со неа.

Земајќи го во предвид фактот дека глумицата за време на борбата за старателство, пред судот го обвинила Бред дека има проблеми со пиењето и играла на таа карта, дадилката смета дека нејзиниот потег е крајно лицемерен.

 

Ќе ви се допадне

WCOStream wcostream cartoons: Watch Horimiya Episode 13

AniWatch anime online: Death Note Episode 37