Анџелина Џоли има докази дека Бред Пит ја изневерувал со руски проститутки

Холивудската глумица Анџелина Џоли има докази дека додека била во брак со Бред Пит, тој ја изневерувал со руски проституки, пренесуваат светските медиуми.

Како што пренесува порталот CheatSheet, Џоли ангажирала истражители да го следат нејзиниот сопруг. Во тоа време се шпекулирало дека тој ја изневерува со француската глумица Марион Котијар, со која во тој период снимал филм во Лондон.

Извор близок до Џоли открива дека таа сакала да ја дознае вистината и дошла до докази за неверството на Бред не само со француската глумица туку и со руски проститутки.

Наводно, истражителите успеале да го снимат Бред во неколку наврати како се забавува во друштво на проститутки од руска националност и како зема тешки дроги. Тоа било шок за Џоли, открива изворот.

Бред и Џоли беа заедно од 2005 година и станаа пример на совршена холивудска двојка. Долго време работите одеа во позитивен правец сè до 2016 година кога не одлучија да се разведат.

Во медиумите се шпекулирало дека причина за разводот биле алкохолизмот и бесот кај Бред, кој довел до жестока кавга со Мадокс, едно од нивните деца.

 

Scroll to Top