Уметничка слика на поранешниот британскиот премиер, Винстон Черчил, која беше во сопственост на Анџелина Џоли е продадена за 11.5 милиони долари, во Лондон, пренесе „Би-Би-Си“.
Сликата „Кулата на џамијата Кутубија“ (Tower of the Koutoubia Mosque) насликана од Винстон Черчил, кој Анџелина Џоли го доби како подарок од Бред Пит, се продаде на аукција во „Кристис“ во Лондон за над 8 милиони фунти или 11.590.715 долари, и со тоа го сруши претходниот рекорд за уметничко дело.
Портпаролката на аукциската куќа „Кристис“, сликава ја нарече најважното дело на Черчил.
„Освен неговите истакнати дела, ова е единствен пејзаж кој го направи тој за време на војната“, додала портпаролката.
Уметничкото дело од џамијата, на зајдисонце во Маракеш, Мароко со планините Атлас во позадина, е дело кое има и политичка и холивудска историја. Черчил ја насликал на конференцијата во Казабланка, во 1943 година, кога тој и американскиот претседател Франклин Д. Рузвелт го планирале поразот на нацистичка Германија. Двајцата лидери го посетиле Маракеш, и Черчил му ја подарил сликата на Рузвелт, во спомен на патувањето.
На крајот, делото се најде во рацете на актерката Анџелина Џоли откако Бред Пит ја купи во Њју Орлеанс во 2011 година и ѝ ја подари.
Сликата ја продаде „Семејната колекција на Џоли“, а новиот сопственик сè уште не е познат.
Славната холивудска двојка се разведе во 2019, после тригодишни договарања за старателството над децата и поделбата на имотот, во која спаѓа и импресивна ументичка колекција.
#AuctionUpdate A new #WorldAuctionRecord for Sir Winston Churchill with ‘Tower of the Koutoubia Mosque’ (1943) selling for £8,285,000. This is the only painting created by Churchill during the Second World War: https://t.co/JCBvGaFShW pic.twitter.com/iZMumvmwp2
— Christie’s (@ChristiesInc) March 1, 2021