Анџелина Џоли му продаде на руски олигарх дел од винаријата во која се венча со Бред Пет

Холивудскиот актер Бред Пит ја обвини поранешната сопруга Анџелина Џоли, дека се обидела да го оштети со тајно продавање на нејзиниот дел од нивното лозје во Франција на имотот Миравал на руски олигарх.

Анџелина со овој потег се обидела да преземе целосна контрола над мултимилионскиот бизнис кој е страст на Бред. По разделбата се договориле ниту еден од нив да не го продаде својот дел од имотот во кој се венчале во 2014 година без согласност на другата страна, но Анџелина не го испочитувала договорот, тврди адвокатот на Пит.

Исто така, се наведува дека Анџелина продала половина од својата винарија на компанија водена од Јури Шефлер, сопственик на компанија која ја произведува водечката вотка во Русија. 

„Џоли ја спроведе продажбата во тајност, намерно чувајќи го Пит настрана и свесно ги прекрши договорните права“, изјави адвокат на Бред, кој нагласи дека Анџелина не му понудила на Бред да го купи нејзиниот дел.

“На овој начин Џоли се обиде да го искористи профитот што не го заработи и да ја врати инвестицијата што не ја направи. Исто така, преку наводната продажба, Џоли се обиде да му наштети на Пит. Џоли знаеше и имаше намера дека Шефлер и неговите соработници ќе се обидат да го контролираат бизнисот што го изгради Пит и на тој начин ќе ја поткопа понатамошната инвестиција на Бред во имотот Миравал“, рече адвокатот.

Scroll to Top