Анџелина Џоли на ручек со британскиот милијардер Дејвид Мајер

Холивудската глумица Анџелина Џоли е снимена пред неколку дена на ручек со британскиот милијардер Дејвид Мајер. Некои од медиумите пренесоа дека двајцата веќе некое време се заедно, но досега ниту еден од нив не потврди дека се во врска.

Мајер е еколог и посветен на активизмот за заштита на околината. Наследник е на едно од најбогатите семејства на светот, Ротшилд, а богатството му се проценува на 10 милијарди долари. Се сметаат за едно од најмистериозните и највлијателни семејства, кои со децении управуваат со банкарскиот систем.

Нивното вкупно богатство се проценува на преку 500 милијарди долари. Засега не е познато дали е во врска со Џоли, а за него медиумите пренесоа дека во 2020 година наводно се венчал со глумицата Карина Деико. Не е познато ни дали се уште се во брак.

За потсетување, Џоли се разведе од Бред Пит, а отттогаш се шпекулира дека е во врска со 15 години помладиот пејач на „Викенд“.

Scroll to Top