Познатата актерка Анџелина Џоли отвори Инстаграм профил и својата прва објава на социјалната мрежа ја посвети на моменталната ситуација во Авганистан, бидејќи многу Авганистанци бараат безбедност од Талибанците по повлекувањето на американските војници.
„Ова е писмо што го добив од тинејџерка од Авганистан. Во моментов, Авганистанците ја губат способноста да комуницираат на социјалните мрежи и можноста слободно да се изразат. Затоа дојдов на Инстаграм да ги споделам приказните и гласовите на оние околу светот се бори за нивните основни човекови права“, напиша Анџелина до фотографија од рачно напишано писмо.
„Бев на границата со Авганистан две недели пред 11 септември, каде што се сретнав со авганистански бегалци кои избегаа од Талибанците. Тоа беше пред 20 години. Болно е да се гледа како Авганистанците повторно се раселуваат поради стравот и неизвесноста што ја зафатија нивната земја. Трошењето толку многу време и пари, пролевање крв и губење животи само за да се повтори, е речиси невозможно да се разбере. Со децении беше болно да се гледа како авганистанските бегалци – некои од најспособните луѓе во светот – се третираат како товар. Знаејќи дека ако имаат услови и почит, ќе направат многу за себе. И запознав толку многу жени и девојки кои не само што сакаа образование, туку и се бореа за тоа. Ќе продолжам да барам начини да помогнам. И се надевам дека ќе ми се придружите“, рече Анџелина.
Бројни луѓе ја поддржаа и и се заблагодарија во коментарите, а повеќе од 4,5 милион луѓе ја следат Анџелина на Инстаграм, неколку часа откако го отвори.
View this post on Instagram