Анџелина Џоли покажа нова тетоважа на наградите Тони

Анџелина Џоли ја доби својата прва награда Тони, а на доделувањето се појави со ќерката Вивиен (15). Додека позираше на црвениот тепих, Анџелина покажа нова тетоважа на градите.

Со оглед на тоа што Анџелина носеше фустан кој ги откриваше нејзините раменици и градите, тетоважата беше јасно видлива. Станува збор за тетоважа од птица.

Таа тетоважа ја немаше на нејзиното тело кога присуствуваше на премиерата на мјузиклот со нејзината ќерка Вивиен во април оваа година. Значењето на оваа тетоважа сè уште не е познато.

Анџелина има многу тетоважи. Таа има голем змеј на долниот дел на грбот, за кој откри дека е резултат на „лудата ноќ во Амстердам“.

Има и текстови на песни и координати на земјите во кои се родени нејзините деца.

Scroll to Top